Дома Фудбал От Челси веќе избрале можен заменик на Кукурея

От Челси веќе избрале можен заменик на Кукурея

Челси покажува сериозен интерес кон левиот бек на Јувентус, Андреа Камбиазо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според “Газета дело Спорт”, од “Стафорд Бриџ” покажуваат сериозен интерес кон италијанскиот репрезентативец, особено со засилувањата на шпекулациите за иднината на Марк Кукурея.

Универзалниот фудбалер игра пред сè како лев бек, но може да се употреби и на десната страна, како и на повеќе напредни позиции како крилен бек. Тој е еден од играчите со кои “бјанконерите” би можеле да се разделат ова лето, откако клубот не успеа да се квалифицира за Лигата на шампионите.

Камбиазо и порано бил поврзуван со трансфер во Премиер лигата. Во јануари 2025 г., Манчестер Сити беше во напредни преговори за играчот, при што се зборуваше за трансфер вреден 65 милиони евра. Меѓутоа, разговорите пропаднаа, а последицата повреда го стави прашањето на втор план. 26-годишниот фудбалер има договор во Торино до јуни 2029 година.

Се тврди дека барачката цена е околу 50 милиони евра, што би донела значителен профит на Јувентус, имајќи предвид дека клубот плати 15,5 милиони евра на Џеноа за него во 2022 г. Како дел од договорот, “бјанконерите” должат на “грифоните” и 15 проценти од сумата при идна продажба. Во оваа сезона, Камбиазо придонесе со три голови и пет асистенции во 47 официјални натпревари за “бјанконерите”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сајбари кажа “да” на Баерн, одговорот на ПСВ се чека

Германскиот гигант Баерн (Минхен) постигна усно договор со крилото на ПСВ Ајндховен Исмаел…