
Лука Дончиќ беше отстранет од Далас и веднаш направи од Лејкерси тим способен да ја нападне титулата во НБА лигата. Ги доведе на третото место на Западот, им претстои серија со Минесота, а пред сето тоа Словенецот имаше една многу емотивна вечер. Тоа беше неговиот прв натпревар во Далас откако беше испратен во Лос Анџелес. Не му беше лесно, плачеше, тешко го поднесоа сето тоа.
Кога тоа помина, излезе на теренот и поранешниот тим му постигна 45 поени, а и покрај тоа што околу 20.000 луѓе го скандираа и бараа истовремено Нико Херисон да добие отказ, поединци мислат дека сето тоа е глума. Така водителот Роб Паркер во емисијата го критикуваше Лука.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Очигледно најголема приказна во НБА беше враќањето на Лука, постигна многу поени, Лејкерс победија, имаше солзи, конфети, маички и сето тоа. Сакам да кажам ова. Лука имаше крокодилски солзи, по мое мислење. Не верувам во ништо што направи, беа тоа лажни солзи, како да освоил осум титули и да не може да верува дека заминал од Далас”, вели Паркер.
Фото: Принтскрин