Дома Фудбал Осимен пристигна во Истанбул – навивачите му приредија незаборавно добредојде

Осимен пристигна во Истанбул – навивачите му приредија незаборавно добредојде

Виктор Осимен ќе го предводи нападот на Галатасарај и во следната сезона. Галата успеа да го откупи договорот на Виктор Осимен од Наполи за 75 милиони евра, што е убедливо најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради ова, навивачите на овој клуб беа воодушевени, па му приредија на Нигериецот незаборавно добредојде.

На социјалните мрежи се појави информација дека луѓето го следеле летот на Осимен за Истанбул, додека Галатасарај го следел летот на Нигериецот за Турција во живо на својот Јутјуб канал.

Околу 20.000 навивачи го пречекаа Осимен, додека потпретседателот Адбулах Кавукџу беше пред клубот.

„Јас сум дома, каде што сакам да бидам“, рече Нигериецот по пристигнувањето во Истанбул.

Стрелецот на 37 гола на 41 натпревар има плата од 18.000.000 евра нето, со уште 10.000.000 евра што би можел да ги собере од реклами и спонзорски договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…