Дома Кошарка Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај, откако дојде до скандал и прекин поради физичка пресметка.

По една ситуација тренерите на двата тима Боро Смилковски и Ерхан Рамадан влегоа во дискусија. Тоа ги разгоре страстите на трибината, дел од навивачите на Чаир почнаа да му довикуваат на противничкиот тренер и му се закануваа.

Тогаш во ситуацијата се вмеша најискусниот во таборот на ТФТ, Едис Нури, по што дојде и до физичка пресметка.

Мешаницата на трибините ескалира и се разменија удари, а потоа ситуацијата се смири. Натпреварот беше прекинат и не се доигра до крај, иако имаше останато уште околу две минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Наваро ја почувствува дерби-треската: До петок не излегувам на улица!

Црвена звезда со четири евролигашки победи во низа му гостува на Партизан, а Ибон Наваро о…