Дома Боречки спортови Опасен тандем: Вака Мајк Тајсон ја тренира бокс Серена Вилијамс

Опасен тандем: Вака Мајк Тајсон ја тренира бокс Серена Вилијамс

Светски славната и врвна тенисерка Серена Вилијамс добиваше совети и тренинг за бокс од славниот бивш боксерски шампион Мајк Тајсон.

„Удри по ’крушата‘ како што сакаш да ја удираш топката“, напиша Патрик Муратоглу, тренер на Серена, кој на Твитер објави видео од сесијата со „Железниот Мајк“.

За време на нејзината кариера, Американката има освоено 23 Гренд слем турнири. Неодамна, таа играше на УС Опен, каде стигна до финалето и загуби од 19-годишната Канаѓанка Бјанка Андреску 3-6, 5-7. На нејзиното тениско конто, Серена има 72 ВТА титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Боксот се сели во Прилеп: Ронин 2024 го организира шестото коло

Прилеп во недела ќе биде домаќин на шестото коло во двете домашни бокс-лиги. Ронин 2024 ја…