Дома Фудбал Олмо погоди за победа. Барселона отиде на +7 од Реал (ВИДЕО)

Олмо погоди за победа. Барселона отиде на +7 од Реал (ВИДЕО)

Барселона ја продолжи својата битка за титулата со тесна, но значајна победа од 1-0 против Мајорка, триумф што им овозможи привремено да се „одлепат“ на седум бодови предност пред Реал Мадрид, кој допрва треба да го одигра својот меч против Гетафе во рамки на 33. коло од Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците беа далеку подобар ривал на теренот и напаѓаа од самиот старт, создаваа прилики, но на голот на Мајорка беше феноменалниот Лео Роман, кој со своите 13 интервенции постави нов рекорд во сезоната по број на одбрани на еден натпревар сезонава во Ла Лига.

Сепак, гостинскиот голман капитулираше уште во првата минута, кога Дани Олмо ја круниса одличната акција на домаќините и асистенцијата од Ерик Гарсија со прецизен удар за единствениот погодок на натпреварот.

Иако минимален, триумфот е повеќе од важен за Барса, која со него го зголемува притисокот врз „кралскиот клуб“ во финишот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…