Дома Моторспорт Олдична трка во Силверстон: Ринс го претекна Маркез пред целта (видео)

Олдична трка во Силверстон: Ринс го претекна Маркез пред целта (видео)

Трката во Силверстон имаше фантастичен финиш откако Алекс Ринс го победи Марк Маркез во последните моменти пред целта.

Мотоциклистот на Сузуки, во супер интересен финиш, буквално во последните метри го победи актуелниот светски првак Марк Маркез. 

Шпанецот иако ја имаше пол-позицијата, а беше водечки се до последниот свиок, на крајот мораше да се задоволи со второто место. Пиедесталот го пополни уште еден Шпанец, Маверик Винаљес од Јамаха колу му припадна третото место. 

За Ринс ова е втора победа сезонава, воедно и во кариерата во најсилната класа. 

Во Генералниот пласман, водечки е Маркез сега со 250 бодови, пред Довициосо со 172, а денешниот победник Ринс изби на третото место со 149 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Пониква се подготвува за зимата: Пристигна лента за првите скијачки чекори

Новата скијачка лента треба да биде пуштена во употреба претстојната зима. Во тек е уредув…