Дома Ракомет Охрид ја совлада Татабања и се доближи до трофејот во Европскиот куп

Охрид ја совлада Татабања и се доближи до трофејот во Европскиот куп

Охрид направи голем чекор кон европскиот трофеј, откако славеше против Татабања со 29-28 во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Охриѓани одиграа одличен меч и во еден момент имаа убедлива предност од 25-19, но во финишот влегоа во голема резултатска криза. Домашниот состав остана без погодок повеќе од шест минути, што гостите од Унгарија знаеја да го искористат и во 55. минута стигнаа до израмнување од 26-26.

Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, следуваше драматична завршница. На само пет секунди пред последниот звук на сирената, Ѓукиќ погоди за огромна радост на Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Послатко не можеше: Вардар го понижи Пелистер и ја потврди двојната круна!

Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја потврдија доминацијата сезонава на домаш…