Дома Фудбал Официјално: Наредните две кола во ПМФЛ без публика!

Официјално: Наредните две кола во ПМФЛ без публика!

Комисијата за натпревари во рамките на Фудбалската федерација на Македонија објавува информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за донесената одлука по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во однос на натпреварите од 17. и 18. коло во Прва МФЛ. 

Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (3 декември, 13:00 часот) и 18. коло (8 декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика. 

Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена врз основа на проценка на Министерството за внатрешни работи, поради неодамнешните случувања и заради спречување на каква било форма на насилство и недолично однесување пред, за време и по натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан збесна по голот за победа на Франција, за малку ќе се повредеше (Видео)

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, не можеше да ја сокрие радоста откако Мајкл Олисе п…