Дома Фудбал Официјално: Воска Спорт се повлече од ПМФЛ!

Официјално: Воска Спорт се повлече од ПМФЛ!

Раководството на Воска Спорт донесе радикална одлука да ја напушти Првата македонска фудбалска лига, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им изрече строга казна по скандалозното напуштање на теренот во мечот против Вардар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со одземањето на девет бодови, Воска Спорт остана без шанси за опстанок и се пресели во Втората лига, по што клубот објави дека нема да ги одигра преостанатите натпревари од сезоната.

Казнената листа не завршува тука: клубот ќе мора да плати и 7.500 евра, а претседателот Нефи Усеини и тренерот Клодиан Арбри беа суспендирани на две години од страна на ФФМ.

Со оваа одлука, македонската Прва лига претрпе уште еден сериозен удар во својата регуларност и интегритет.

Фото: Воска Спорт

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њујорк го шокира Сан Антонио среде Тексас: Брансон режираше чудесен пресврт за брејк во големото НБА финале (Видео)

Њујорк Никс направија голем чекор кон освојување на првата НБА титула по повеќе од пет дец…