Дома Моторспорт Официјално: Валтери Ботас ќе вози за Алфа Ромео!

Официјално: Валтери Ботас ќе вози за Алфа Ромео!

Валтери Ботас ја вози последната сезона како партнер на Луис Хамилтон во Мерцедес.

Денес е потврдено дека од сезоната 2022, односно од наредната сезона Ботас ќе биде нов возач на Алфа Ромео.

Долго време Ботас во Мерцедес важи за втор возач, затоа што тимот предност му дава на Хамилтон. Сега во Алфа Ромео ситуацијата ќе биде веројатно поинаква.

Инаку, сезонава Мерцедес води голема со Ред Бул за титулата, на последната трка викендов во Холандија победи возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.

На местото на Ботас во Мерцедес би требало да дојде младиот Џорџ Расел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…