Дома Моторспорт Официјално: Шумахер потпиша за Мерцедес

Официјално: Шумахер потпиша за Мерцедес

Синот на легендарниот Михаел Шумахер не се прослави во болидот на Хас и го загуби местото во Формула 1, но сепак ќе остане во Формула 1 како резервен возач во Мерцедес.

Мик Шумахер потпиша договор со Мерцедес и ќе биде резервен возач на Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Мерцедес претходно беше заинтересиран за Даниел Рикардо, но кога тој потпиша за Ред Бул, Шумахер доби своја шанса.

„Мик е интелигентен и млад човек. Во минатото имаше многу успеси, веруваме дека можеме да му помогнеме да напредува. Мислам дека заслужува место во Ф1, ќе видиме што ќе се случува“, изјави првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…