Дома Моторспорт Официјално: Одложена Ф1 трката во Кина поради вирусот

Официјално: Одложена Ф1 трката во Кина поради вирусот

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) денеска објави дека официјално е одложена трката за големата награда на Кина во Формула 1 поради епидемијата на коронавирусот.

Поради застрашувачките методи и постојаното ширење на различни информации за смртоносниот коронавирус, ФИА одлучи да го прифати предлогот на организаторите на трката во Шангај.

Одлуката беше донесена за да се заштити здравјето и безбедноста на возачите, членовите на екипите и навивачите.

Ф1 и ФИА ќе ги продолжат преговорите со тимовите и организаторите, како и локалните власти за да договорат нов датум за одржување на трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Пониква се подготвува за зимата: Пристигна лента за првите скијачки чекори

Новата скијачка лента треба да биде пуштена во употреба претстојната зима. Во тек е уредув…