Дома Останати Кошарка Официјално: Ненад Димитријевиќ има нов клуб!

Официјално: Ненад Димитријевиќ има нов клуб!

Германскиот кошаркарски великан Баерн Минхен и официјално го објави ангажманот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој доаѓа како замена по заминувањето на Спенсер Динвиди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Димитријевиќ стави потпис на договор со баварскиот клуб до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една година. По успешно поминатите медицински прегледи, македонскиот плејмејкер беше промовиран како ново засилување и ќе настапува со дресот со бројот 9.

Во првата изјава како играч на Баерн, Димитријевиќ истакна дека повикот од Минхен бил одлучувачки.

„Баерн е извонредно организиран клуб и врвен тим. Кога тренер како Светислав Пешиќ ќе те побара, тоа е голема чест и одлука која се носи без двоумење“, порача македонскиот кошаркар.

Ненад Димитријевиќ зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи за клубови како Хувентуд, Валенсија, Уникс Казан, Олимпија Милано и Зенит од Санкт Петербург, а сега кариерата ја продолжува во дресот на германскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Њујорк и вторпат го победи Кливленд, дојде на половина пат од финалето!

Тимот на Њујорк го совлада Кливленд на свој терен со резултат 109:93, така што се наоѓа на…