
Тимот на Maнчестер сити кој доминираше на англиската и европската фудбалска сцена последниве години, претрпе сериозни промени во текот на минатите трансфер-периоди, а денес беше објавено дека наредното лето тимот ќе го напушти уште еден староседелец.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По најавата за заминување на Бернардо Силва и откако бројни легенди веќе го напуштија клубот, кои во изминатите години донесоа многу трофеи на Етихад, и Џон Стоунс ќе стане поранешен Граѓанин.
Стоунс, кој одигра 293 натпревари и постигна 19 голови како стопер за Сиити во период од десет години, ќе го напушти клубот налето, оставајќи зад себе импресивен број освоени трофеи.
Стоунс беше дел од освојувањето на шест шампионски титули на Англија и една во Лигата на шампионите. Тој исто така го подигна и светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на Европа, два трофеи во ФА Купот и пет трофеи во Лига купот на Англија.
Со својата 31 година, извесно е дека Стоунс ќе остане во Англија, а се спомнува можноста за продолжување на кариерата во Евертон, клубот од каде што пристигна во Сити во 2016 година, со трансфер вреден 55 милиони евра.
Претходно беше дел од Барнсли, каде што и започна неговата кариера.