Дома Фудбал Официјално: Трабзонспор ја раскина соработката со Барди

Официјално: Трабзонспор ја раскина соработката со Барди

Турскиот фудбалски клуб Трабзонспор попладнево официјално ја објави разделбата со македонскиот фудбалски капитен Енис Барди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двете страни, со заемна согласност, решија да ја прекинат соработката, со што Барди стана слободен играч и ќе има можност да продолжи со својата кариера во нов клуб.

Клубот му изрази голема благодарност за придонесот што го даде за тимот во текот на неговиот ангажман, испраќајќи го со искрени желби за успех во понатамошните предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ не ја исполни желбата на Вардар за натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одби барањето на Вардар за одложување на нат…