
Хрватскиот стратег Нико Ковач (50) е новиот тренер на Борусија Дортмунд.
Спортскиот директор Ларс Рикен го потврди ова по натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјар (3:1), а Ковач се договори за еднаиполгодишна соработка со Милионерите.
Педесетгодишниот Ковач го замени Нуриј Сахин, кој беше отпуштен од Борусија минатата недела, додека тимот привремено го водеше Мајк Тулберг.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
“Можам да потврдам дека постигнавме договор со Ковач. Мајк ќе го води тимот во саботниот првенствен натпревар против Хајденхајм, а Нико ќе го преземе тимот в недела”, изјави Рикен за DAZN.
🚨🟡⚫️ Nico Kovać has signed in as new Borussia Dortmund head coach until June 2026.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2025
Contract signed and then club announcement to follow today, as Lars Ricken confirmed. pic.twitter.com/orBh3azJUA
Ковач е поранешен хрватски репрезентативен играч кој скоро целата кариера ја помина во Германија. Таму го носеше дресот на Херта Берлин, Баер Леверкузен, ХСВ и Баерн Минхен. На крајот од кариерата настапуваше за Ред Бул Салцбург.
Тренерската кариера ја започна на клупата на хрватската репрезентација. Прво, репрезентација до 21 година, а потоа и А тимот. Потоа ги водеше Ајнтрахт од Франкфурт, Баерн, Монако и неодамна Волфсбург, кој го напушти во март 2024 година.
Дортмунд во оваа сезона особено се мачи во Бундеслигата, каде по 19 кола се наоѓа на 11-то место со 22 бода помалку од лидерот Баерн. Победи само во еден од последните осум натпревари во лигата.