
Новак Ѓоковиќ во сабота во Шангај ќе се соочи за место во финалето на турнирот од серијата 1.000, а познато е и кога ќе излезе на терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот ривал на патот до успешното финале ќе биде Валентан Вашеро, кој се најде во завршницата во Кина преку впечатливи настапи, а сега е познато дека на теерен ќе излезе и во10:30 по средноевропско време.
Играчот од Монако е 204. на светската ранг-листа и досега не се натпреварувал против Новак.
Нема дилема дека пораното започнување на мечот споредено со претходните (12:30) ќе биде дополнителен предизвик за Ѓоковиќ поради жештината и високата влажност на воздухот. Но, српскиот тенисер веќе покажал дека може да се соочи со неповолни услови. Во сабота се очекува максимална температура од 33 степени Целзиусови.