Дома Фудбал Одложени денешните натпревари во Серија А откако почина папата Францис

Одложени денешните натпревари во Серија А откако почина папата Францис

Откако Папата Францис почина на 21 април 2025 година утрото, Серија А реши да ги одложи сите денешни натпревари од првенството и натпреварите во Примавера 1 до понатамошно известување, во знак на почит кон починатиот Папа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварите од 33. коло на Серија А се одложени на неопределено време по тажната вест. Оваа одлука е донесена според она што се случи во 2005 година, кога во сабота навечер, на 2 април, почина Папа Иван Павле II.

Се очекуваат известувања за новите термини за следните натпревари:

Торино – Удинезе

Калјари – Фиорентина

Џенова – Лацио

Парма – Јувентус

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…