Дома Фудбал Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за 11 милиони евра.

Барселона и Монако вечерва завршија договор што долго се најавуваше. Ансу Фати стана играч на Монако.

По долги 14 години во Барселона, каде што ги помина сите младински категории и ја доби „десетката“ како наследник на Лионел Меси, дојде болниот момент кога Фати повеќе не е член на каталонскиот клуб.

Членот на француската Лига 1 се договори со Барса за трансфер вреден 11 милиони евра. Фати ќе потпише повеќегодишен договор.

Фати минатата сезона ја помина во Монако. Играше исклучително добро, па “Кнежевите” одлучија да го откупат. Во 30 настапи постигна 12 гола.

Неговиот напредок во Барселона беше спречен од тешки повреди. Требаше да биде наследникот на Лионел Меси, но коленото кажа не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убава слика од Прилеп: Новата Победа пред речиси полн стадион тргна со убедлив триумф!

Во Прилеп можеше да се види убава сцена новоформираната ГФК Победа која не е поврзан со ст…