Дома Кошарка Објавени имињата на стартерите во Олстар-мечот во НБА

Објавени имињата на стартерите во Олстар-мечот во НБА

НБА лигата ги објави имињата на играчите кои ќе стартуваат на претстојниот „Ол-Стар“ натпревар, кој е закажан да се одигра во Сан Франциско, ноќта меѓу 16 и 17 јануари. Ова долгоочекувано шоу ќе ги собере најголемите ѕвезди на кошарката на едно место.

Како што се очекуваше, Никола Јокиќ, актуелниот МВП на НБА и еден од најдоминантните центри во модерната кошарка, по седми пат ќе биде дел од овој престижен натпревар. Тој ќе ги предводи стартерите од Западната конференција, каде што се наоѓаат и Леброн Џејмс, Шеј Гилџес-Александер, Стеф Кари и Кевин Дурант. Овие петмина ќе ги бранат боите на Западот, носејќи силна комбинација од искуство, вештини и креативност.

Од Источната конференција, номинации за стартната петорка добија Јанис Адетокумбо, Карл-Ентони Таунс, Џејлен Брансон, Донован Мичел и Џејсон Тејтум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…