Дома Останати Ракомет Oфицијално: Јотиќ нема да игра следната сезона во Вардар

Oфицијално: Јотиќ нема да игра следната сезона во Вардар

Еден од најдобрите ракометари на Вардар во првиот дел од сезоната наредната сезона ќе игра во дресот на германски Лајпциг.

Оваа вест германскиот тим ја потврди на својата официјална страна.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Добивам шанса да играм во најдобрата лига во Европа. Моите цели секогаш се високо поставени и сакам со Лајпциг да завршам помеѓу најдобрите пет екипи во Бундеслигата. Се радувам на оваа можност и се надевам дека пандемијата ќе се смири што побрзо за да играме пред навивачи во салите“, изјави Јотиќ.

Сезонава Јотиќ постигна 37 гола за Вардар во Лигата на шампионите, а претходно го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, Алборг и ППД Загреб. Сега Вардар ќе биде во потрага по среден бек кој минутажата ќе ја дели со Анте Гаџа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…