Дома Тенис Oфицијално: Ѓоковиќ нема да игра на „Ју-Ес опен“

Oфицијално: Ѓоковиќ нема да игра на „Ју-Ес опен“

Властите во САД не ги направија потребните измени во рокот што би му одговарал на Ѓоковиќ и така пропаднаа и најмалите шанси за Србинот да настапи на „Ју-Ес опен“.

Турниот започнува следниот понеделник во Њујорк, а здравствените протоколи останаа исти и тоа значи дека секое лице кое не е вакцинирано нема да може да влезе на американска територија.

Организаторот на турнирот посочи и дека не само што тенисерите мораат да бидат вакцинирани, туку невакцинираните фанови нема да можат да бидат и на трибините.

Трофејот на турнирот ќе го брани Данил Медведев, а Ѓоковиќ следната обврска ќе ја има на Дејвис купот во Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Промена на патот на Ѓоковиќ во Базел: Бублик се повлече, Руд е новата закана

Повредата на Бублик го промени делот од ждрепката на Ѓоковиќ во Базел. Србинот ќе стартува…