Дома Фудбал Останато Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Легендарниот Андреа Пирло како и што се најавуваше официјално стана тренер на турскиот прволигаш Караѓумрук.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пирло со овој клуб потпиша договор на една сезона и за Италијанецот ова ќе биде втор обид во професионалната тренерска кариера после сезоната 2020/2021 во Јувентус.

Како фудбалер Пирло има 116 натпревари и 13 гола за италијанската репрезентација и беше шампион на Светското првенство во Германија во 2006. Со успех настапуваше уште во Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити. Засега успехот на тренерско поле е далеку од она што го оствари како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан се соочува со Челси во битка за дефанзивецот на Барселона

Италијанскиот гигант Милан е подготвен да направи чекор напред во желбата да го привлече д…