Лучијано Спалети повеќе не е тренер на Интер!
Овој 60 годишен стратег доби отказ во тимот од „Џузепе Меаца“ после две сезони поминати на клупата на „нероаѕурите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одлуката за отказот на Спалети и можеше да се очекува. Иако успеа да го одведе клубот во Лигата на шампионите раководството на иНтер сакаше промени, па Спалети ќе мора да си бара друг ангажман.
Спалети Интер го водеше на вкупно 90 натпревари и оствари учинок од 46 победи, 24 нерешени натпревари и 20 порази.
Искусниот стратег нема да си замине со празни раце бидејќи клубот според договорот мора да му исплати оштета од 25 милиони евра за предвременото расинување на договорот.
FC Internazionale Milano comunica che Luciano Spalletti non ricopre più il ruolo di allenatore della Prima Squadra.
Il Club ringrazia il tecnico per il lavoro svolto e per il percorso compiuto insieme. #FCIM— Inter (@Inter) May 30, 2019