Легендарниот голман Икер Касиљас се врати во неговиот Реал Мадрид каде што помина 25 години пред да се пресели во Порто во 2015 година.
Касиљас ќе добие функција како заменик генерален директор на фондацијата на „кралевите“. Ќе потсетиме, Касиљас ја заврши кариерата откако пред година ипол доживеа срцев удар на тренингот на Порто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Икер е еден од најдобрите голмани во историјата, а со Реал освои 19 трофеи, три во ЛШ, три светски клупски титули, два европски Суперкупа, пет титули во Ла Лига, два купови и четири шпански суперкупови.
За репрезентацијата на Шпанија бранеше на 167 натпревари.
Comunicado Oficial: Iker Casillas#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 22, 2020