Новиот италијански второлигаш Монца има големи амбиции и уште во оваа сезона сакаат борба за место во Серија А.
Клубот кој е во сопственост на Силвио Берлусокони и за кој Адријано Галијани е прв оперативец го претстави и најголемото засилување во овој преоден рок. Монца доведе повеќе засилувања, но сигурно дека најголемото име е Кевин-Принс Боатенг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Боатенг со Монца потпиша договор на една година со опција тој да биде продолжен на уште една. Продолжувањето на договорот најмногу зависи од тоа колку овој клуб ќе ги исполни своите амбиции.
Ќе потсетиме тренер на Монца е познатиот Кристијан Броки.
ITS OFFICIAL ‼️‼️‼️ Maybe the toughest challenge in my career, but I can’t wait to get going…
— Kevin-Prince Boateng (@KPBofficial) September 28, 2020
Forza @ACMonza ?⚪️ #monzA pic.twitter.com/Ds82q8T0Fo