Ќе биде одлично платен за во Интер да направи нешто слично како во Јувентус.
Успешниот италијански функционер, Џузепе Марота го напушти Јувентус и наскоро ќе биде промовиран во нов спортски директор во Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Марота во Интер го чека договор на три години со плата од три милиони евра по сезона и тоа без бонуси.
Искусниот 61 годишен фудбалски работник е еден од најзаслужните за моќниот тим на Јувентус кој доминира во Италија, а дојде во Торино уште во 2010 година кога беа поставувани темелите.
Се истакна со бројни трансфер, најпознат е по неговото мајсторство да доведе квалитетен играч без оштета во Јувентус тоа беше случај со. Андреа Пирло, Сами Кедира, Емре Џан, Дани Алвес…