Ситуацијата во која е навредуван Златан Ибрахимовиќ е нешто за кое најмногу се зборува после натпреварот Црвена Звезда – Милан.
Ибрахимовиќ кој беше на клупата го прослави голот на Милан, а тогаш доби навреди кои доаѓаа од зад него, односни од новинарската ложа. Сега српски „Телеграф“ ја објаснува ситуација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На сите новинари кои се групираа на една страна веднаш им беше јасно дека не станува збор за медиумски работник, туку за некој кој со врски се нашол на место на кое што не требало да биде. На клубот преостанува да го идентификува човекот кој го посрамоти целиот клуб“, пишува „Телеграф“.
За она за што Звезда е виновна е што не бил почитуван бројот на луѓе кои имале право да бидат во новинарската ложа.