Дома Фудбал Лига на шампиони Oткриено: Виновникот за црвениот на Роналдо е автор на една од најголемите германски неправди! (видео)

Oткриено: Виновникот за црвениот на Роналдо е автор на една од најголемите германски неправди! (видео)

Северот на Италија е во неверување се очекува жестока реакција и на Андреа Ањели кој во европската куќа на фудбалот би можел да го отвори прашањето за делегирањето Феликс Брих во иднина.

Вчерашното исклучување на Кристиано Роналдо на „Местаља“ предизвика бура од реакции од целокупната јавност, но и го разбуди гневот на сверот на Италија кој испраќа жестоки критики за Брих, но и неговиот помошник Марк Фрик.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Торинскиот „Тутоспорт“ според очекувањата беше најжесток во критиките. Феликс Брих го нарече навреда за фудбалот и јавно побара тој заедно со своите помошници да бидат избркани од УЕФА.

Најавено е дека ќе следи остра реакција на Андреа Ањели кој се очекува да го искористи својот авторитет во европската куќа на фудбалот и да го стави на дневен ред прашањето за делегирање на арибтрите. Исто така се споменуа дека Чеферин и водечките луѓе во Нион се уште се против воведување на ВАР, но јасно е дека на фудбалот му е неопходен за да се намали бројот на ужасни грешки.

„Тутоспорт“ посебен пасус посветува на Марк Фриц кој во клучен момент сакаше да биде лидер во носење на одлуката. При читањето од усни во текот на неговиот разговор со Брих се забележува дека три пати го споменува зборот „коса“, после што следуваше прашање од главниот судија „црвен“?, но и одговор – „да“!

Откриено е и дека Фрик уште во 2010 година бил творец на една од најголемите неправди во историјата на германскиот фудбал кога ги призна „фантомскиот гол на деценијата“ за Дуизбург против Ајнтрахт, иако топката беше метар ипол пред линијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …