Дома Фудбал Англија Oткриени детали: Роналдо сам се пријавил во полиција кога го удрил детето со аутизам

Oткриени детали: Роналдо сам се пријавил во полиција кога го удрил детето со аутизам

Непријатни сцени беа забележани пред неколку месеци, кога Евертон славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед, а Кристијано Роналдо се изнервира по мечот и удри едно дете со аутизам.

Роналдо го удри детето по раката во која го држеше телефонот и го повреди, а потоа ја сфати својата грешка и се обиде да ја поправи ситуацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На социјалните мрежи му се извини на детето и го покани на натпревар на „Олд Трафорд“, меѓутоа детето и неговите родители го одбија предлогот.

Во меѓувреме локалната полиција почна истрага за да открие што се случило, а според „Дејли Мејл“, Роналдо сам се пријавил во полиција.

„Можеме да потврдиме дека 37-годишен маж доброволно учествуваше во полициската истрага“, соопштија од полицијата.

ВИДЕО ОД НАСТАНОТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…