Дома Останати Кошарка НБА Oткриена анегдота од Лејкерси: Шек нудел 10.000 на соиграч за да се степа со Коби

Oткриена анегдота од Лејкерси: Шек нудел 10.000 на соиграч за да се степа со Коби

Многумина кои ја следат НБА лигата знаат дека на почетокот на 90-тите доминираа Лејкерси со тандемот Коби Брајант – Шекил О’нил.

Тие двајца освојуваа титули од 2000 до 2002 година, но тогаш тандемот се распадна, а некои други тимови го превземаа приматот. На Коби му пречеше несериозноста на Шек и недостатокот на работна етика, во еден момент имаа и инцидент на тренинзите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој инцидент во кој Шек прво го удрил Коби, а тој му возвратил се случил во сезоната 1989/1999. Таа година во Лејкерси дојде и Ајзе Рајдер кој Шек се обидел да го „подмити“.

„Кога дојдов во Лејкерси, Шек ми кажа дека ме чекаат 10.000 долари ако се степам со Коби, тоа беше само после три дена откако дојдов. Мислев дека се шегува, но тој продолжи да ми повторува: „Таму има 10.000 долари, ако некогаш се степаш со него и си го одработиш своето оди и земи ги, твои се“, раскажа Рајдер.

Ќе потсетиме, Рајдер во лигата во 1993 година влезе како петти пик од првата рунда во драфтот. Првите три години ги помина во Минесота, потоа три во Портланд, па по една година во Аталанта и Лејкерси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…