Поранешниот германски репрезентативец во просек секој трет натпревар го пропуштал од доаѓањето во Арсенал.
Месут Озил неиграјќи во вчерашниот натпревар против Бате Борисов во Лигата на Европа прослави еден јубилеј – 100 пропуштени натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Озил во летото 2013 година пристигна во Арсенл и за клубот од Лондон одигра 313 натпревари во сите натпреварувањеа.Германскиот ас во таборот на „топџиите“ заработува 350.000 фунти неделно иако пропуштил огромни 100 натпревар (не играл на секоја трета).
Оваа сезона Озил одигра 14 натпревари во Премиер лигата и има учинок од само три гола и една асистенција.
Поради ова легендатан а Арсенал, Мартин Кион жестоко го критикуваше Германецот. Кион му порача на Озил ако не може да игра да оди во пензија.
„Ситуацијата со Озил стана срамна! Неверојатно е да се пропушти толкав број натпревари. Навистина не знам дали баш толку е повреден, но знам дека како играч мораш да му бидеш на располагање на тренерот и да влезеш во континуитет“, изјави поранешниот стопер на Арсенал.
Неговиот соиграч од времето во Арсенал, Пол Мерсон исто така смета дека ситуацијата со Озил е бизарна.
„Според мене Озил е најдобриот играч на Арсенал кога е спремен. Не ми е јасно што се случува, но ако Озил не може да се избори за место во овој тим, тогаш навистина би требало да оди во пензија или да си замине во друг клуб“, смета Мерсон.
Мислење за ситуацијата со Озил даде и легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол.
„Сите знаеме колку талентиран играч Озил, но целата ситуација околу него понекогаш е малку и комична“, порача Кол.