Дома Фудбал Англија Oдложен уште еден натпревар во Премиер лигата!

Oдложен уште еден натпревар во Премиер лигата!

Натпреварот помеѓу Лестер и Тотенхем е одложен поради хаосот со коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Тотенхем веќе му беа одложени двата претходни натпревари со Рен во Конференциската лига и Брајнтон во Премиер лигата, а сега им е одложено и гостувањето кај Лестер.

Лестер исто така е клуб кој е погоден со поголем број заразени и ова беше логична одлука, па сега се чека наредниот чекор.

Се шпекулира дека фудбалот на Островот привремено би можел да биде прекинат затоа што проблеми со коронавирусот имаат Тотенхем, Лестер, Брентфорд, Манчестер Јунајтед, а не е потврдено, но медиумите пишуваат дека од денес и тројца играчи на Челзи се позитивни.

Челзи вечерва треба да игра со Евертон и ќе видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ювентус испрати понуда за Емилијано Мартинез

Јувентус упати понуда за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Понудата е со вкупна …