Дома Фудбал Останато Oдвојте 15 минути и уживајте: Сите 50 хет-трика на аргентинскиот волшебник (ВИДЕО)

Oдвојте 15 минути и уживајте: Сите 50 хет-трика на аргентинскиот волшебник (ВИДЕО)

Изминатиот викенд Лионел Меси одигра уште еден чудесен натпревар, а кога тој е на такво ниво не може да се очекува ништо помалку освен победа на Барселона.

Аргентинскиот „волшебник“ учествуваше во сите четири гола на Барселона. Три самиот ги постигна, посебно убав беше првиот кога погоди со спектакуларен волеј, но во финишот и му асистираше на Луис Суарез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој хет-трик за Меси беше 50-ти во неговата кариера и тоа е бројка со која во фудбалската историја малкумина можат да се пофалат.

Од овие 50 хет-трика Меси 44 постигна во дресот на Барселона, додека шест пати по три погодоци постигнуваше во репрезентативниот дрес на Аргентина.
Во продолжение одвојте 15 минути и уживајте во мајсториите на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Неодамна претседателот на Барселона ги израдува навивачите на Барселона со најавата дека Меси наскоро ќе потпише нов договор.

Лионел Меси ќе продолжи со нас. Тој е играч-клуб, односот со негов е таков што засекогаш ќе остане во Барселона. Тој самиот веќе ни кажа дека сака да го продолжи договорот. Му понудивме договор и верувам дека наскоро сите ќе слушнете добри вести“, изјави Бартомеу, а пренесува „Марка“.

Ќе потсетиме, претходно таква најава имаше и за тренерот Ернесто Валверде кој потоа и навистина стави потпис на нов договор со каталонскиот гигант.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…