Дома Фудбал Oгромни проблеми за Пиоли: Двајца позитивни – Милан остана без средина!

Oгромни проблеми за Пиоли: Двајца позитивни – Милан остана без средина!

Милан ќе има огромни проблеми пред дербито со Јувентус – Анте Ребиќ и Круниќ добија позитивни тестови на денешното тестирање.

Ова значи дека Пиоли едвај ќе успее да го состави средниот ред. Кај Милан покрај споменатите Ребиќ и Круниќ вечерва не се во комбинација за настап уште Тонали, Бенасер и Салемакерс. Во нападот отсутен ќе биде и Ибрахимовиќ.

Ќе потсетиме кај Јувентус позитивни се Алекс Сандро и Хуан Квардадо. „Старата дама“ утрово отпатува за Милано.

Натпреварот е закажан за во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осум гола во Бергамо: Терзиќ ја шокира Аталанта во 82. минута!

Аталанта и Фрозиноне одиграа 4:4, а Алекса Терзиќ од клупата стигна до улогата спасител на…