Дома Фудбал Италија Oвој човек не заслужува критики: Гатузо во турбулетната година има – одлични бројки!

Oвој човек не заслужува критики: Гатузо во турбулетната година има – одлични бројки!

gatuso

Поранешниот играч, а денес тренер на Милан, Џенаро Гатузо често пати е мета на критики од јавноста, но според бројките тој во Милано сосема добро си ја извршува задачата.

Денес изминува точно една година од кога Џенаро Гатузо го наследи Виченцо Монтела на клупата на „росонерите“, претходно тој го водеше младинскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првите натпревари не ветуваа многу, Милан под водство на Гатузо во првите два натпревари изгуби од Ријека и одиграа реми против Беневенто (2:2). Ќе потсетиме, симпатичниот тим на Беневенто во тој натпревар го освои првиот бод во Серија А.

Но, во продолжение следуваа многу подобри резултати. „Росонерите“ долго време беа во игра за влез во Лигата на шампионите, сепак на крајот завршија на шестата позиција, додека во Купот на Италија играа финале против Јувентус.

Гатузо во Милан до денес, за точно една година освоил 66 бодови во првенството во Италија, повеќе од него имаат само Јувентус (98) и Наполи (82).

Ова секако не се резултати за кои Гатузо заслужува критики, посебно не ако се знае дека Милан поминуваше низ турбулентен период во кој клубот претрпе две големи промени во раководството.

Оваа сезона пак тимот во последно време има сериозни проблеми со повредените фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Го сруши рекордот на Серхио Агуеро: Заигра професионален фудбал на 14 години!

Фудбалерот на Депортиво Риестре Матео Аполонио стана најмладиот професионален фудбалер во …