ПСЖ минатото лето го шокираше светот доведувајќи ги Нејмар и Килијан Мбапе, а како што пренесува познатиот медиум „TyC Sport“ пишува за нова „бомба“ од „светците“.
Наводно ПСЖ е спремен повторно да купува од Барселона, а овој пат на мета на клубот од Париз е фудбалерот од средината Серхио Бусткетс. Дефанзивецот на Барселона е еден од клучните фудбалери на Каталонците, тој е човекот кој започнува голем дел од нападите, но и носи голем допринос во одбраната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тимот на Барселона тешко може да се замисли без него, за неговите квалитети се свесни и во Париз па наводно се спремни да ја активираат и клазулата која изнесува 200 милиони евра.
Насер Ал Келаифи силно го сака одличниот Шпанец, но во прашање е фудбалер кој во Каталонија настапува од 2008 година и сигурно дека ова за „светците“ е тешка мисија.
Не е доволно само да ја платат клазулата, туку мора и да го убедат фудбалерот да ја напушти Барса.
Како резервна опција доколку не успеат во намерата да го доведат Бускетс се споменува фудбалерот на Челзи, Н’Голо Канте.
#Francia El dueño del PSG pagaría 200 millones de euros por Busquets: https://t.co/RZFoapkNSJ pic.twitter.com/buprWfgsuW
— TyC Sports (@TyCSports) January 15, 2018