Дома Останати Кошарка Oва би било крај на ерата на Вориорси: Лејкерси планираат две супер засилувања!

Oва би било крај на ерата на Вориорси: Лејкерси планираат две супер засилувања!

lebron

Eрата на Голден Стејт наскоро би можела да биде завршена.

Лос Анџелес Лејкерси направија голем чекор кон враќањето на славните патеки кога го ангажираа Леброн Џејмс.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Човекот кој за нешто повеќе од еден месец ќе наполни 34 години, потпиша договор на четири години. Лејкерси после лошиот старт започнуваат да играат се подобро. Со доаѓањето на Чендлер ја пополнија центарската позоција, се поправа дефанзивата и Лук Волтон добива се појасна слика кога е ротацијата во прашање.

Сепак, тешко Лејкерси ќе им се спротистават на Вориорси оваа сезона, но со уште неколку засилувања јасно е дека ќе комплетираат силен тим. Голем број играчи се поврзуваат со Лејкерси, многу се зборува за играчите кои ќе бидат слободни нардното лето.

Џерет Џек, поранешниот плејмејкер на бројни НБА тимови кој во овој момент најави дека во иднина заедно би можеле да играат – Леброн, Дурант и Ентони Дејвис!
Навистина звучи неверојатно, но не изгледа така невозможно.

Кога во прашање е Ентони Дејвис, се појавија приказни дека потпишал со агентот кој го застапува Леброн Џејмс. Ова за многумина е јасен знак дека Дурант сака да му се придружи на „кралот“.

Тој станува слободен играч во 2020 година, но веќе наредното лето би можел да побара трејд. Лејкерси имаат што да понудат, а нема сомневање дека Меџик Џонсон без проблем би дал неколку свој таленти за ѕвезди како Дејвис.

Изгледа дека Лејкерси сакаат да ги задржат Кузма и Харт што значи дека Брендон Играм и Лонзо Бол би можеле да бидат вклучени во евентуален трејд за Дејвис.

Приказната за потенцијалниот трансфер на Дурант во ЛА Лејкерси неодамна ја подгреа неговата мајка со изјавата дека ги обожава Меџик Џонсон и Леброн Џејмс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште едно признание за Дончиќ: Стана најмладиот добитник од 2012 година

Асот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и официјално го доби признанието за најдобар стрелец в…