Дома Македонски спорт Oбјавен составот: Со една измена одиме по победа против Чиле!

Oбјавен составот: Со една измена одиме по победа против Чиле!

Репрезентацијата на Македонија денес против Чиле ќе го игра решавачкиот натпревар за пласман во втората фаза на Светското првенство во Египет.

После двата порази против Шведска и Египет денес мораме да го победиме Чиле ако сакаме да играме во втората фаза. Чиле е репрезентацијата против која игравме два контролни натпревари пред почетокот на СП во Скопје. На тие два натпревари Македонија забележа два победи, но овој дуел секако е поинаков.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во однос на претходните два натпревари селекторот Данило Брестовац денес се реши да направи една измена во составот. Горан Крстевски ќе биде во составот на местото на Дарко Георгиевски. Покрај Георгиевски надвор од составот ќе бидат Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов и голманот Никола Даниловски.

Натпреварот започнува во 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…