Дома Македонски спорт Oбјавени цените за влезниците за натпреварите против Полска и Австрија

Oбјавени цените за влезниците за натпреварите против Полска и Австрија

Македонската фудбалска јавност со голем оптимизам ги очекува натпреварите во квалификациите за Европското првенство првенство против Полска и Австрија.

На 7-ми и 10-ти јуни во Скопје ќе гостуваат селекциите на Полска и Австрија, а нашата репрезентација се надева на уште два позитивни резултати после победата и ремито во првите два натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку Македонија забележи добри резултати против овие две селекции тогаш ќе си ја отвориме вратата за пласма на ЕП 2020 преку квалификациите. Ќе потсетиме и дека сме во полуфиналето од Лигата на Нации каде што ќе играме против Косово, натпреварување кое ќе ни биде втора шанса доколку не успееме да се пласираме преку овие квалификации.

Денес од ФФМ ги објавија цените на влезниците за средбите против Полска и Австрија и истите ќе можат да се купат по цена од 150 денари, а во продажба ќе бидат пуштени од 1-ви јуни (сабота).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…