Натпреварите на Мундијалот продолжуваат денес со натпреварите од четвртфиналето, а од 16 часот ќе се сретнат Шведска и Англија.
Јасно е дека Англија има блага фаворитска улога во овој натпревар, но Швеѓаните веќе покажаа дека имаат квалитет и дека можат да ги изненадат најдобрите селекции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред овој натпревар атмосферата на Инстаграм дополнително ја загреа Златан Ибрахимовиќ кој му се обрати на Дејвид Бекам.
Ибра и Бекам повеќе не се дел од своите национални тимови, но сигурно дека се големи навивачи на своите земју. Ибрахимовиќ пред оваа средба доби интересна идеја и му понуди облог на Бекам, а англискиот репрезентативец се согласи но со мали промени.
„Бекс, ако Англија победи ќе ти платам вечера во било кој дел на светот, а ако Шведска слави тогаш ти мораш да ми купиш што и да изберам од ИКЕА“, напиша Ибрахимовиќ, кој не мораше да чека многу за да добие одговор од Бекам
„Ибра, ако Шведска победи лично те водам во ИКЕА да си купиш се што ти треба за новата вила во Лос Анџелес, но ако победи Англија ќе мораш да дојдеш со мене на натпревар на мојата репрезентација на „Вембли“ во дресот на Англија“.
Овој облог предизвика многу коментари на друштвените мрежи, а точка стави Ибра кој му порача на Бекам дека се договориле и дека облогот е во игра.