Дома Фудбал Англија Oчекувано: Мачестер Сити го прогласи најдобриот играч за оваа шампионска сезона

Oчекувано: Мачестер Сити го прогласи најдобриот играч за оваа шампионска сезона

Манчестер Сити ги објави добитниците за оваа одлична сезона, а немаше никакви дилеми кога во прашање беше играчот на сезоната.

„Граѓаните“ оваа сезона немаа конкуренција во Премиер лигата, сега за најдобар играч во нивниот тим беше избран Кевин Де Брујн.

Белгиецот беше еден од главните кандидати за освојување на наградата и најдобар играч во сезоната, но немаше шанси покрај оваа сезона чудесниот Мохамед Салах.

Зад себе во гласањето ги остави своите соиграчи Лерој Сане и Давид Силва кои исто така беа одлични во сезоната која изминува.

Иначе, Де Брујн оваа сезона запиша 52 настапи, постигна 12 голови и подели неверојатни 21 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…