Дома Македонски спорт Oхриѓанецот Марко Пејчиновски доби стипендија од 200.000 денари

Oхриѓанецот Марко Пејчиновски доби стипендија од 200.000 денари

17-годишниот Охриѓанец Марко Пејчиновски кој првпат македонската јавност ја воодушеви на 12 години кога исплива 30 километарски маратон во Охридското езеро доби стипендија од државата.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Денес Марко беше на прием кај премиерот Ковачевски и ќе му биде доделена стипендија во износ од 200.000 денари.

„Млад, храбар и талентиран е нашиот млад пливач Марко Пејчиновски. Денес му честитав за неговиот последен спортски успех – тој го преплива Охридското Езеро, цели 64 километри за помалку од 22 часа и подвигот го посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести.

Ваквите гестови и личности како Марко се ретки и за восхит, и затоа денес ми беше чест и задоволство да му ја врачам одлуката за еднократна стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.

Владата преку Агенцијата за млади и спорт продолжува дa ги поддржува младите успешни спортисти и да вложува во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура согласно светските стандарди“, стои во соопштението од првиот човек на Владата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Трето коло на Мундијалот: „ТЈ“ ја најавува британската битка, дербито САД – Иран, а ќе игра ли Валенсија?

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Со денешните нат…