Дома Фудбал Останато Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Oфицијално: Пирло нов тренер на Караѓумрук

Легендарниот Андреа Пирло како и што се најавуваше официјално стана тренер на турскиот прволигаш Караѓумрук.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пирло со овој клуб потпиша договор на една сезона и за Италијанецот ова ќе биде втор обид во професионалната тренерска кариера после сезоната 2020/2021 во Јувентус.

Како фудбалер Пирло има 116 натпревари и 13 гола за италијанската репрезентација и беше шампион на Светското првенство во Германија во 2006. Со успех настапуваше уште во Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити. Засега успехот на тренерско поле е далеку од она што го оствари како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…