Дома Фудбал Oфицијално: Паратичи го напушти Тотенхем

Oфицијално: Паратичи го напушти Тотенхем

Фабио Партичи повеќе не е спортски директор на Тотенхем.

Италијанецот од оваа позиција се повлече затоа што не му беше укината забраната од 30 месеци за работа во фудбалот поради обвинувањата за малверзации во Јувентус.

Одлуката на италијанската федерација не се однесува само за негов ангажман на Апенините, туку за било каде во светот.

„На Фабио не му е дозволено да ја извршува својата должност и поради тоа си замина од позицијата да не ги загрозува интересите на клубот. Тој ќе ја продолжи својата борба да ја докаже невиноста во случајот“, стои во соопштението од Тотенхем.

Партичи во Англија пристигна летото 2021 година и планот беше да остане подолг период и да се грижи за спортските работи во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заедно имаат 128 години, но пенал-драмата им го одзеде финалето!

Фабио, Тијаго Силва и Хулк го одиграа целиот реванш, но Флуминенсе остана без финале во Ко…