Дома Топ вести Oфицијално: Икер Касиљас се врати во Реал Мадрид

Oфицијално: Икер Касиљас се врати во Реал Мадрид

Легендарниот голман Икер Касиљас се врати во неговиот Реал Мадрид каде што помина 25 години пред да се пресели во Порто во 2015 година.

Касиљас ќе добие функција како заменик генерален директор на фондацијата на „кралевите“. Ќе потсетиме, Касиљас ја заврши кариерата откако пред година ипол доживеа срцев удар на тренингот на Порто.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Икер е еден од најдобрите голмани во историјата, а со Реал освои 19 трофеи, три во ЛШ, три светски клупски титули, два европски Суперкупа, пет титули во Ла Лига, два купови и четири шпански суперкупови.

За репрезентацијата на Шпанија бранеше на 167 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим го обожава, сака играч на Реал од 100 милиони фунти!

Манчестер јунајтед сака да ја искористи ситуацијата која е во Реал Мадрид. Чаби Алонсо нед…