Дома Фудбал Италија Oфицијално: Де Роси нов тренер на Рома

Oфицијално: Де Роси нов тренер на Рома

Само неколку часа откако Жзое Мурињо доби отказ, Рома и официјално го назначи неговиот наследник. Како и што се најавуваше тоа е клупската легенда, Даниеле Де Роси.

За Де Роси ова е враќање во клубот каде што помина цели 18 години како професионален фудбалер, а дебито ќе го има против Верона в сабота на „Олимпико“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сакам да се заблагодарам на семејството Фридикин што му ја довери одговорноста да ја водам Рома. Ќе дадам се од себе да помогнам на клубот, како што тоа секогаш сум го правел како играч на теренот.

Ќе се соочиме со многу предизвици, но со нетрпение ги очекуваме истите. Не можам да опишам колку сум горд што се враќам на клупата. Сите добро знаат што значи за мене Рома“, изјави Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид на пат да добие нов тренер: Бара засилувања, шест имиња се на листата

Во Шпанија се шири шпекулација дека Алваро Арбелоа нема долго да издржи на клупата на Реал…