Дома Фудбал Англија Oнана лош? Погледнете колку удари дозволиле фудбалерите на Јунајтед во последните шест натпревари

Oнана лош? Погледнете колку удари дозволиле фудбалерите на Јунајтед во последните шест натпревари

Maнчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар против Брентфорд испушти победа откако прими гол во 100-тата минута. Но, ремито во Брентфорд не е единствена грижа за Ерик Тен Хаг бидејќи одбраната на Јунајтед на последните четири меча изгледа прилично загрижувачки.

Во последните четири натпревари Јунајтед прими „само“ шест гола што е премалку ако земеме во предвид дека одбраната дозволи дури 100 удари кон голот на Андре Онана. Кога е комплетната сезона во прашање повеќе удари во просек кон својот гол дозволиле само екипите на Шефилд (17.9) и Лутон (17.3). Јунајтед е на просек од 16.9.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Само на гостувањето кај Брентфорд, екипата на Јунајтед дозволи дури 31 удар кон својот гол, па не зачудува тоа што Брентфорд успеа да дојде до реми. И менаџерот на Брентфорд по натпреварот беше изненаден што неговиот тим не победи.

„Шутнавме дури 31 пат кон голот и звучи неверојатно што не победивме“, изјави Франк на прес-конференцијата по натпреварот.

Јунајтед во овој момент изгледа дека е далеку од пласман во Лигата на шампионите бидејќи заостаува 11 бода зад Астон Вила и ако се погледне формата екипата тешко е да се верува дека можат да ги надополнат во последните девет кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Араухо ја остави Барса на цедило, ПСЖ израмни🎥

Барселона и ПСЖ играат исклучително возбудливо прво полувреме и на пауза заминаа со резулт…