Германскиот фудбалер Месут Озил имаше интересен коментар на најавената револуција во фудбалот за која ФИФА веќе се огласи (ТУКА).
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дел од светските медиуми во текот на вчерашниот ден пишуваа дека покрај жолтиот и црвениот картон во иднина ќе биде воведен и син картон. ФИФА подоцна објави дека рано е да се зборува за воведување на нешто такво.
Сепак, во јавноста се огласи и Месут Озил. Озил се потсети на своите дуели со Атлетико Мадрид додека го носеше дресот на Реал, па го „пецна“ Симеоне и неговиот тим.
„Значи Атлетико ќе игра со шест играчи“, напиша Озил споделувајќи ја објавата на која се известува за синиот картон.
So Atletico Madrid will only play with 6 players then? 🤔🟦 https://t.co/m3UPWz1k9n
— Mesut Özil (@M10) February 8, 2024